Велес,20 јуни 2016, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од неодамна започна со подготовките за реализирање на кампањата за собирање средства за запишување на студент од сиромашно семејство. Тимот на „Фокус“ еден месец работеше на изборот на слоганот и логото на кампањата, како и целокупна програма за медиумска кампања, што всушност се клучени елемени за нејзино успешно реалиизрање.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

Велес, 26 декември 2015 - Ротари клубот „Бели Мугри“ со помош и поддршка од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, трета година по ред, организираат новогодишна забава за деца сместени во згрижувачки семејства во Велес. Ротаријанците го избираат Фокус поради тоа што фондацијата долги години е препознатлива по филантропија. Даесет и три деца од Велес добија новогодишни пакетчиња и подароци. Тоа беа играчки наменети за детска возраст од 6 до 12 години.

cicko toni fin  stefanov fin

Ротари клубот ,,Бели мугри“, Велес во соработка со Фондација ,,Фокус“ доделија новогодишни пакетчиња и играчки на 15 деца сместени во згрижувачки семејства во Велес, како и 6 деца кои потекнуваат од социјално немоќни семејства. Пакетчињата со многу желби за радост, среќа и успех во следната година на дечињата им ги подари Дедо Мраз. ,,Со оваа хуманитарна акција во која членовите на Ротари клубот,, Бели Мугри“ собраа играчки, а ,,Жито маркетите“ донираа пакетчиња сакавме да им ја разубавиме новата година на дечињата и да им подариме малку среќа. Благодариме за несебичаната поддршка од Фондација ,,Фокус,, и се надеваме дека истата ќе продолжи и во иднина,, рече Пере Гуџов, претседател на Ротари клубот.

DSC06256