Печати

Image

Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ, на ден 17.06.2009 год (среда)  организираше на  јавен настан со наслов:

„Биди урбан во Велес “

Јавниот настан го организиравме со цел да се подигне урбаната култура помеѓу младите во Велес преку стрип цртање, ликовни работилници, промоција на фотографии, цртање на графити, музички настап, модерен балет и возење на ролерки.

Image

Постоењето на голем број на уметници кои немаат простор и можност да ја изразат својата креативност  и нивните дела да доживеат промоција.Младите преку цртање на графити, стрип работилница, ликовни работилници, изложба на фотографии, модерен балет ја покажаа својата креативност пред граѓаните на Општина Велес.
На настанот учествуваа 50-тина учесници се нацртаа 40 стрипа беа изложени 30 фотографии и се нацртаа 3 огромни графити.

На настанот имаше околу 300 посетители

Image