Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Во рамките на проектот “Ние за заедницата” кој е во имплементација на Фондацијата “Фокус” од Велес, а е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, на 05.септември.2009 се реализира инцијатива “Младите во транзиција – млади со иницијатива” во иплементација на  И.О “Димитар Влахов”.

Како дел од планираните активности во иницијативата беше промовирана “Националната стратегија за млади” пред присутните 60-тината младинци на “Мини смотрата Голозинци 2009” која се одржа од 04 до 08 септември 2009 година.
Во рамките на кампот младите беа обучени за младинско самовработување, алтернативни можности за самовработување (собирање на билки, печурки и др).

 


 
На 24 септември 2009 се имплементираше втората инцијатива Ликовна Еко Работилница на тема “Цртежот ги надминува верските и јазичните бариери” во имплементација на О.О.У „Рајко Жинзифов“, а како носител на проектот е НВО Мулти Арт Клуб „Бихор“ од с. Горно Оризари.

Учествуваа 100-тина учесници од сите основни училишта од Општина Велес на која младите имаа можност да се дружат и запознаат меѓусебно и да ги надминат меѓуетничките бариери и да се подигне еколошката свест преку осознавање на сликата за животната средина.