Печати

Во рамките на проектот „Ние за заедницата” кој е го спроведува Фондацијата “Фокус” од Велес, а е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД,

Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа одржа 2 работилници на тема :

„Правата на лицата со хендикеп од здраствената заштита“ и „Правата на лицата со хендикеп од социјалната заштита“.

Во општина Лозово се реализираше иницијативата за "Изградба на забавен детски парк".

Во тек е реализацијата на иницијатива поднесена од „Коалцијата на НВО“, "За уредување на запуштените површини пред јавните објекти".

Во Општина Градско се реализираше иницијативата „Подобрување на безбедноста во сообраќајот во населба Градско“.


Како дел од планираните активности во иницијативата остварени се консултации со 5 лица со посебни потреби за разрешување на нивните проблеми поврзани со социјалната и здравствената заштита и добија правна помош . Исто така направена е анализа на постоечките закони и утврдени се предлог дополнувања во законот за социјалната и здравствената заштита кои се однесуваат на лицата со посебни потреби, кои ќе бидат доставени до надлежните министерства.

Како дел од овие иницијативи Општина Лозово, доби нов детски забавен парк, каде  децата, најмладата популација ќе го поминуваат своето време за забава, игра и дружење. На овој начин еден запуштен простор се оплемени и доби сосема поинаков лик, а децата ќе си играат на места определени за таа намена, со што ќе се обезбеди и нивна заштита од сообраќај. Уредувањето на овој простор беше еден од утврдените граѓански приоритети за 2009 година доставени до ЕЛС.

Во тек е реализацијата на иницијатива поднесена од „Коалцијата на НВО“ за уредување на запуштените површини пред јавните објекти.  Со оваа иницијатива ќе се уреди еден запуштен и неискористен простор пред домот на НВО. А истата ќе треба да ги поттикне институциите за уредување на просторот пред и околу нивните објекти.

Во Општина Градско се реализираше иницијативата „ Подобрување на безбедноста во сообраќајот во населба Градско“. Целта на оваа иницијатива е со поставување на лежечките полицајци  да се зголеми безбедноста во сообраќајот, каде најзагрозена е најмладата популцаија, да се намали бројот на сообрќајни незгоди, жртви и повредени. Уредувањето на овој простор беше еден од утврдените граѓански приоритети за 2009 година доставени до ЕЛС.