Печати

 

06.09.2016 ,Велес , Фондација за локален развој и демократија Фокус собра вкупно 13 илјади денари во акцијата за собирање парични средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. На некој од државните факултети во државата Фондација Фокус годинава ќе помогне да се запише еден студент и за таа цел ги повикува сите заинтересирани млади од Велес кои потекнуваат од социјално немоќно семејство да ги достават потребните документи во просториите на Фондацијата, кои се наоѓаат на улица Солунска 2А во центарот на градот, поточно спроти менувачница Североф.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи: копија од свидетелство за завршено средно образование и копија од документ за положена државна матура, потврда за исплкатена последна месечна плата на семејството на кандидатот за студент или документ за примање на социјална помош и потврда од Агенцијата за вработување додколку семејството е невработено. Овие кандидати треба да имаат завршено четврта година средно образование со одличен успех, да ја положиле државната матура со високи оценки, да се запишан на еден од државните факултети и да потекнуваат од социјално немоќно семејство. Потребните документи кандидатите можат да ги достават во просториите на Фондација Фокус од утре, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот. Рокот за пријавување е до 14 септември 2016 година.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.