Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата „Фокус“ во соработка со Европската Делегација и ЕУ Инфо центарот од Скопје реализираа настан по повод одбележување на Денот на Европа 9 ти Мај.
На настанот присуствуваа голем број граѓани, случајни минувачи, ученици од средните и основните училишта кои пројавија интерес  за активно учество  во информативната и интерактивна секција за ЕУ.Исто така штандот беше посетен и од Градоначалникот на општина Велес  Славчо Чадиев и првиот  секретар на амбасадата на Република Романија  во Република Македонија Октавијан Сербан.

Штандовите кои беа поставени околу фонтаната во младинскиот парк  беа  од  промотивен информативен и интерактивен карактер.

za na veb  za na veb2


На првиот штанд  „Научи повеќе за Европа“,  граѓаните имаа можност да добијат материјали со ЕУ тематика  и потсетници со корисни линкови за ЕУ и преостанати промотивни  материјали.

za na veb3  za na veb5
На вториот штанд „Што сакам да знам за Европа“ граѓаните имаа можност да ги постават прашањата поврзани со ЕУ како и да споделат информација за тоа кои европски држави ги посетиле, по кој основ патувале во нив и кои се нивните впечатоци за секоја од нив.
На третиот штанд „ Моите импресии од Европа, мојата порака до Европа“ граѓаните ги оставаа своите пораки наменети за  ЕУ.

za na veb4  za na veb7
Воедно на настанот волонтерите од младинскиот клуб при Фондација „Фокус“ поделија симболични награди со што дополнително се предизвика интерес кај граѓаните  за посетеност и активно учество во одбележувањето на Денот на Европа.

za na web6  za na veb8