Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 16 јуни 2014 - под насловот „Млади за Велес“ во просторот на Младинскиот парк беа поставени штандови на неколкуте граѓански организации на младите од Велес кои се промовираа себеси но истовремено и ги искажаа своите желби. Целта на настанот како што потенцираа од организаторите Фондацијата „Фокус“ од Велес е да се поттикнат младите да ги искажат своите приоритети и со тоа да влијаат да се промени нивниот живот и да имаат повеќе места за движење и забавување.

mladi za veles 4   mladi za veles 1

На настанот беа присутни дел од средношколските организаци од градот, младите на ОО на Црвен Крст, извидниците, претставниците од техничко-технолошкиот факултет, од доброволното противпожарното друштво „Видра“, од Стрип центарот на Македонија, Младинскиот клуб „ЛОГИЧКИ ПЛОЧКИ“, но и членовите на здружението „Македонски спасител“ кои ги промовираа своите активности и приоритети пред младите.

mladi za veles 2   mladi za veles 3
На настанот присутните можеа да ја погледат и промоцијата на брошурата „Млади за Велес“ во која е објаснето зошто треба да се формира локалниот младински совет а вметнати се и делови од локалната младинска стратегија на општина Велес. Младите велешани сакаат да добијат кино, поголеми и пробројни простори за спортување, за забава и рекреација и очекуваат дека со создавањето на локалниот младински совет оваа година ќе се делува кон реализирање на нивните приоритети.
Настанот е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ финансиран од ЕУ од регионалната ИПА програма а се спроведува од МОФ и ЦИД во 12 општини во државата меѓу кои и во Велес. Настанот го подржа и локалната самоуправа на општина Велес.