Печати

Велес, 18 октомври 2014 - стартуваше првиот тренинг  за формирање младински совет во Велес. Проект на младински образовен форум и Фондацијата фокус. На тренингот,  насловен „Младински политики, младинско учество, волонтерство и младинска работа“ младите активисти се запознаа со начинот на креирање младински политики, кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена ангажираност во подобрување на локалната заедница, но и запознавање со начинот како тие можат дирекно да учествуваат во тој процес.

lms-trening 1   lms-trening 2

Покрај денешниот тренинг планирани се уште четири, се со цел целосно запознавање на младите активисти со поектот локален младински совет. Викендов во просториите на невладината организација фокус ке се одржи тренингот за застапување базирано на истражувања и факти кој е поделен во два дела, едниот дел ке биде утре, а другиот е закажан за во недела. Целта на проектот е младите да се вклучат во креирање на идеите во општеството

На денешниот тренинг присуствуваа млади претставници од различни невладини организации, подмладок на политички партии, претставници од средните училишта и претставници од технолошко техничкиот факултет во Велес.