Велес, 28 ноември 2014 - презентацијата на структурата на органите на локалната самоурава и нејзините надлежности беше последниот тренинг обука од низата тренинзи кои Младинскиот Образовен Форум ги организира со цел креирање Младински Локален Совет.
Работењето и начинот на функционирање и дејствување на локалната самоуправа се многу важни за младите кој се вклучени во иницијативата за формирање совет на млади.
Иницијативата за креирање младински совет има за цел да овозможи учество на младите во процесите на носење одлуки кои нив ги засегаат на локално ниво, како и нивна зголемена ангажираност во подобрување на локалната заедница.