Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата „Фокус“ одржа презентација на новата веб апликација www.prioriteti.focus.org.mk изработена со подршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на апликацијата е да ја зголеми интеракцијата со граѓаните во остварување на нивните права, обврски и услуги кои ги добиваат од општините.

prioriteti-promocija 1  prioriteti-promocija 2

www.prioriteti.focus.org.mk претставува корисна интерактивна алатка преку која граѓаните освен што ќе можат да се информираат за работата на локалната самоуправа, ќе можат да доставуваат свои предлози за решавање на тековни проблеми, да гласаат и да ги приоретизираат истите и да ја следат нивната реализација.
На овој начин ќе се зголеми и транспарентноста и одговорноста во работењето на локалните власти во исполнување на барањата на граѓаните.
На презентацијата свое излагање имаа:
в.д. постојаниот претставник на УНДП во Македонија г-дин Алесандро Фракасети,
м-р Славчо Чадиев, Градоначалник на општина Велес, г-ѓа Жанета Чаушевска, Градоначалничка на општина Градско и г-дин Горанчо Пановски, Градоначалник на општина Чашка.
Презентацијата ја проследија претставници од 7 општини од Вардарскиот плански регион, претставници на НВО, м/у заедници, институции, млади и медиуми.