Печати

Велес, 12 декември 2014 - на импровизиран ѕид, случајните минувачи имаа можност да ги искажат своите размислувања и идеи како Велес да биде подобро место за живеење. На Велес му треба......  беше насловот на настанот за промоција на иницијативата за креирање на локален младински  совет.

na veles mu treba 1    na veles mu treba 4

Затворен базен, кино, Скејт парк, нова факултетска зграда, и многу други идеи напишаа младите. А членовите на младинскиот совет ќе се стремат во соработка со локалната самоуправа дел од идеите да бидат реализирани.Целта на формирањето на советот е вклучување на младите во носењето на одликите на локално ниво како и промоција и развој на младинското учество, како пристап кон завземање на активна улога во личниот разој на младиот човек, но и во развојот на заедницата.

na veles mu treba 3   na veles mu treba 2