Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 27 декември 2014 - во Кафе бар Чао се одржа Изложбата на фотографии со наслов „Визуелно пишување“, како завршен настан на Медиа Арт клубот во Велес. Изложбата претставува селекција од најдобро изработените дела, кои не само што за краток период успеаа да постигнат едно солидно техничко ниво на изработка, туку и внесоа особен личен израз, поради кој исходот од работилниците е повеќе од успешен.

izlozba mladi 3   izlozba mladi 1

Во текот на ноември и декември, во Велес се случија серија предавања и работилници на тема калиграфија и типографија, како ликовни и дизајнерски дисциплини, што значат, каде и како се користат и што се' може да се направи со нив. На работилниците, учесниците се запознаа со дел од можностите на калиграфијата и типографијата, секако со многу мал дел од се' она што тие опфаќаат, но со можност и потенцијал овие работилници да се прошират во постудиозно и подетално запознавање со овие дисциплини.

izlozba mladi 2   izlozba mladi 4