Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Ротари клубот ,,Бели мугри“, Велес во соработка со Фондација ,,Фокус“ доделија новогодишни пакетчиња и играчки на 15 деца сместени во згрижувачки семејства во Велес, како и 6 деца кои потекнуваат од социјално немоќни семејства. Пакетчињата со многу желби за радост, среќа и успех во следната година на дечињата им ги подари Дедо Мраз. ,,Со оваа хуманитарна акција во која членовите на Ротари клубот,, Бели Мугри“ собраа играчки, а ,,Жито маркетите“ донираа пакетчиња сакавме да им ја разубавиме новата година на дечињата и да им подариме малку среќа. Благодариме за несебичаната поддршка од Фондација ,,Фокус,, и се надеваме дека истата ќе продолжи и во иднина,, рече Пере Гуџов, претседател на Ротари клубот.

DSC06256

„Драго ни е што Ротари клубот „Бели мугри“ од Велес не препозна како партнер во организирањето на овој благороден настан со кој ги израдувавме дечињата. Ова е наша прва соработка и верувам дека во иднина ќе успееме да организираме уште многу други настани и да помогнеме онаму каде што има потреба. Дечињата добија и пакетчиња кои ги донираа претставници од Министерството за труд и социјална политика кои во посета на градот дознаа за денешниот настан“ рече Весна Шкортова, извршна директорка на Фондација ,,Фокус“.