Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Струмица, 27 септември 2014 - претставници на стотина фирми од 35 општини од источниот, југоисточниот, североисточниот и од вардарскиот регион учествуваа на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки. Конференцијата е можност за размена на искуства од учеството на фирмите на тендерите и за идните предизвици кои им стојат на патот кон поголемо и посоодветно учество на пазарот на јавни набавки.

     strumica 1strumica 2

Конференцијата е дел од Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации од Скопје, во партнерство со невладините организации Фокус од Велес и ЕХО од Штип. Проектот го олеснува пристапот на микропретпријатијата до пазарот на јавните набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации.