Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 03 март 2014 - -во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ започна проекција на документарни филмови. Проекцијата беше иницирана од страна на младинскиот клуб Медиа/Арт, како дел од Младински Образовен Форум во Велес и истата се реализираше благодарение на поддршката и соработката со Make Dox коишто преку документарни филмови ги едуцираат младите.

kinozip 4  kinozip 2

Проекцијата започна со интерактивна работилница на којашто беа проектирани два краткометражни филма: „Куса историја на Џон Балдесари“ и „Тулибу дибу даучу“. Посетителите имаа можност и да го изразат своето мислење преку одговор на одредени прашања и со движење на сцена.
Потоа следеше проекција на филм изненадување, којшто премиерно се прикажува за прв пат во Македонија и во вториот блок беше проектиран документарецот кој има освоено повеќе награди и се уште ја освојува публиката -„Бурманските видео репортери – извештај од затворената земја“.По секоја проекција следуваше и кратка панел-дискусија за темата којашто документарецот ја обработува.
Седумдесетина средношколци заедно со нивните професори во филозофија, социологија, македонски јазик… присуствуваа на проекциите и работилниците.

kinozip 1   kinozip 3

Присутните се потпишуваа на таблата на којашто беше нагласена фразата : „Потпишувам за отворање на киното!“ и во текот на работилниците истакнаа дека кај нив не постои навика да одат во кино и на големо платно да изгледаат некој филм. Ја поздравија идеата за враќање на кино културата во градот и изразија желба повторно да имаат можност да присуствуваат на вакви активности.
Младите коишто го организираа овој настан се заблагодарија јавно на Сашо и Нина од Make Dox коишто одвоија дел од своето време и помогнаа во реализација на нивната инцијатива. На крајот тие изјавија дека кај нив постои надеж овие активности да го променат status quo-то на ситуацијата со старото кино „11-ти Октомври“.