Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 05 октомври 2015 - Почнувајќи од октомври 2015 година и микропретпријатијата од два нови региона пелагонискиот и југозападниот, можат да добиваат бесплатна помош за учество во постапките за јавни набавки. Проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, кој досега се спроведуваше во  вардарскиот и североисточниот плански регион, сега ги проширува своите активности во овие два нови региона, односно во дополнителни 18 општини со повеќе од 150 локални институции кои спроведуваат јавни набавки. 

prosiruvanje cgk

Се очекува од новите региони да се пријават околу 100 микропретпријатија кои ќе ги добиваат следниве услуги: обука за учество на јавните тендери; специјален прирачник за микропретпријатија за учество на јавните набавки; секојдневна асистенција при регистрирање на Електронскиот систем за јавни набавки (што е услов за учество на тендерите), секојдневна помош при пополнување на тендерските документации; асистирање при учеството на електронските аукции; помош при секаков вид на прашања и проблеми поврзани со учеството на тендерите; помош при остварување на правната заштита; секојдневно информирање за огласите за јавни набавки што се објавуваат од институциите во опфатените региони (повеќе од 350 локални институции); информации за планираните годишни набавки на сите вклучени институции и други прашања и помош во насока на успешно учество на јавните набавки.

Проектот „Поддршка на микропретпријатијата до јавните набавки“ се реализира во партнерство со Центарот за граѓански комуникации од Скопје, невладината „ЕХО“ од Штип, а финансиски е поддржан од УСАИД.