Печати

Велес, 26 декември 2015 - Ротари клубот „Бели Мугри“ со помош и поддршка од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, трета година по ред, организираат новогодишна забава за деца сместени во згрижувачки семејства во Велес. Ротаријанците го избираат Фокус поради тоа што фондацијата долги години е препознатлива по филантропија. Даесет и три деца од Велес добија новогодишни пакетчиња и подароци. Тоа беа играчки наменети за детска возраст од 6 до 12 години.

cicko toni fin  stefanov fin

На овој начин Ротаријанците од клубот „Бели мугри“ им посакаа на децата многу здравје, голем успех во учењето и секако одвоено време во кое ќе и се посветат на играта и во новата 2016 година. Вака сакаме да помогнеме на граѓани во нашата заедница бидејќи како хуманитарна организација целиме кон подобрување на работите во средината во која делуваме изјави претседателот на Ротари клуб „Бели Мугри“, Стефан Стефанов.

rotarijanci fin  fotografija so dedo mraz fin

„Новогодишните пакетчиња и играчките ги купивме од сретствата што ги собравме на нашата хуманитарна акција Пастрмајлија и вино, организирана пред десеттина дена во еден ресторан во градот. Веруваме дека ќе има уште многу други поводи за вакви и слични детски забави на кои децата ќе се радуваат,“ рече Стефанов.

„Шест години наназад нашата Фондација организира настани и помага на разни здуженија и фирми кои сакаат да донираат на социјално немоќни семејства. Така беше и денеска и верувам дека традицијата ќе продолжи. Ние во нашата заедница сме препознатливи по хуманите активности. Верувам дека од година во година ќе расне бројот на донатори кои имаат за цел да насмеат и израдуваат многу деца како и да им ги направат празниците повесели на многу семејства во градот,“ рече Даниела Ковиловска координатор на програмата за Филантропија во Фондација „Фокус“.

Фондацијата „Фокус“ се надева дека вгодина ваквите настани во градот ќе бидат побројни и ќе ги организираат поголем број на општествено одговорни фирми, граѓански здруженија и поединци.