Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Скопје, 18.05.2016,  Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес е добитник на институционален грант на „Цивика мобилитас“, програма на швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка, НИРАС од Данска и шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

Грантот е во висина од 2,5 милиони денари и е наменет за институционален развој и организациско јакнење на фондацијата. Овој грант кој фондацијата го доби за две години, една плус една, треба да ги зајакне капацитетите на организацијата и да ја направи поактивна во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија. Фондација „Фокус“ е една од дваесетте граѓански организации кои добија институционални грантови од „Цивика Мобилитас“. Специфични акциски грантови добија седум граѓански организации, дванаесет граѓански организации добија мали акциски грантови и ад хок грантови добија седум граѓански организации. На 17 мај годинава, на свечена церемонија беа промовирани новите 48 грантисти на кои договорите им ги додели лично амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Тејада. Таа изрази големо задоволство од тоа што многу од грантистите на Цивика се веќе значајни двигатели на промени кои иницираат низа активности за адресирање на потребите и интересите на граѓаните.