|
Фондација ФОКУС доби опрема од УСАИД |
|
Опрема вредна 24 илјади долари (4 компјутери, печатар, телефонска централа, сервер, клима уред и возило) на Фондација Фокус и подари УСАИД. Припоредавањето на опремата во просториите на Фондацијата го изврши г-дин Ерик Пасифик, директор на канцеларијата за демократија и локална самоуправа во УСАИД.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Ве поканувам да присуствувате на петанаесетата седница на Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС – Веле. Седницата ќе се одржи на ден 08 јули 2010 година (четвтрток) со почеток во 18.00 часот, во големата сала на Фондацијата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
ДВЕ ГОДИНИ МЛАДИНСКИ КЛУБ |
|
Младинскиот клуб на Фондацијата „Фокус” во рамките на проектот Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива на 25.06.2010 година (петок) ќе ги реализира следните активности: Со почеток во 13.00 часот во просториите на Фондацијата ќе организира трибина со наслов „Преку неформално образование до најдобро сознание “. За придобивнките кои може да ги стекнат средношколците во неформалното образование ќе говорат Веса Шкортова, извршен директор на ,,Фокус,, м-р Асен Прличков, психолог, Маја Хеско, социолог, Дијана Иванова, новинар, Бобан Пановски правник од Техничко-технолошкиот факултет, Мартин Алексовски соработник од МОФ и Страхил Тодоров како модератор.  Во 18.00 часот во Младинскиот парк, ќе организира изложба на фотграфии од активности и настани на клубот со наслов „Преку неформално образование, до најдобро сознание “. Со овие активности ќе се одбележи две годишното работење на клубот. |
|
|
ИНИЦИЈАТИВАТА „ГРАЃАНИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ |
|
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ТРИБИНА Велес, 18 јуни 2010, сала на Општина Велес, 18 часот
Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ) започна нова серија средби со македонските граѓани. На 18 јуни 2010 ГЕМ организира трибина во Велес, во салата на Општина Велес, со почеток во 18 часот. Иницијаторите (Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски) и членовите на ГЕМ ќе продискутираат со граѓаните на тема Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис? Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните.
Со почит, Граѓани за Eвропска Македонија
|
|
|
Извештај од одржана координативна |
|
информативна средба во општина Велес На 08.06.2010 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Велес се одржа првата координативно- информативна средба на ново избраните претседатели на урбани и месни заедници на општина Велес со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 18 претседатели на урбани и месни заедници и тоа од УЗ Богдан Каракостев, УЗ Славе Петков, МЗ Караслари, МЗ Горно Оризари, МЗ Бузалково, УЗ Димче Мирчев, УЗ Васа Кошулчева, УЗ Шорка, УЗ Трајко Панов, МЗ Црквино, МЗ Сујаклари, МЗ Новачани, МЗ Кумарино, УЗ Тунел, МЗ Славе Петков, УЗ 9-ти Ноем ври, МЗ Челошево, УЗ Алексо Демниевски и двајца претставници од општинската администрација. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
сабота 05 јуни 2010 година, од 12:00 - 00:00 свртете на 077 143 143 повик 100.00 ден. со вклучен ДДВ 070 143 133повик 100.00 ден. без вклучен ДДВ
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 11 од 122 |