Warning: getimagesize(images/maj-2013/bedozi-EU%204.jpg): failed to open stream: No such file or directory in /home/focusmk/public_html/plugins/content/smartresizer/smartresizer.php on line 468

Warning: getimagesize(images/maj-2013/bedozi-EU%203.jpg): failed to open stream: No such file or directory in /home/focusmk/public_html/plugins/content/smartresizer/smartresizer.php on line 468

Warning: getimagesize(images/maj-2013/za%20na%20veb.jpg): failed to open stream: No such file or directory in /home/focusmk/public_html/plugins/content/smartresizer/smartresizer.php on line 468

Warning: getimagesize(images/maj-2013/za%20na%20veb2.jpg): failed to open stream: No such file or directory in /home/focusmk/public_html/plugins/content/smartresizer/smartresizer.php on line 468

На ден 04.06.2013 година Младите Европски Промотори  меѓу соучениците од четирите средни училишта  ги десиминираа обработените прашања и одговори за Европската Унија, воедно делејќи им беџови со лого кои самите го осмислија – отсликувајќи ја перцепцијата за тоа како ја доживуваат Европа.

bedozi-EU 4  bedozi-EU 3

 

Во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа креативна работилница „Ние и ЕУ“ на која учествуваа волонтерите од Младинскиот клуб „Фокус“ а чија цел беше дизајнирање лого коe ја одразува визијата на младите за ЕУ.
Од повеќето предложени идеи и изработени логоа од страна на самите волонтери ,тие го одбраа логото кое најсоодветно ја претставува ЕУ .

DSC 1180  DSC 1288

Фондацијата „Фокус“ во соработка со Европската Делегација и ЕУ Инфо центарот од Скопје реализираа настан по повод одбележување на Денот на Европа 9 ти Мај.
На настанот присуствуваа голем број граѓани, случајни минувачи, ученици од средните и основните училишта кои пројавија интерес  за активно учество  во информативната и интерактивна секција за ЕУ.Исто така штандот беше посетен и од Градоначалникот на општина Велес  Славчо Чадиев и првиот  секретар на амбасадата на Република Романија  во Република Македонија Октавијан Сербан.

Штандовите кои беа поставени околу фонтаната во младинскиот парк  беа  од  промотивен информативен и интерактивен карактер.

za na veb  za na veb2