Печати

Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ), организираат дебата на тема „Македонија и Европската унија“. Од нивно име и од име на Фондацијата Фокус како локален партнер за Велес,

Ве покануваме да земете учество на дебатата која ќе се одржи на 14ти Септември (понеделник), во Ликовниот салон во Велес со почеток во 12:00ч.,а ќе продолжи во салата „Бели мугри“ во 16:00ч.

За време на настанот ќе се одржат две дебати, една информативна сесија,презентација на куси документарни филмови и една театарска претстава со следниот тек:

12:00 – 13:00 ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

Се што сакавте да знаете за ЕУ, а немавте кого да прашате

- Презентација на куси документарни филмови - Македонски центар за европско образование

13:00 – 15:00 ДЕБАТА – СО НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ПОБЛИСКУ ДО Е Воведни обраќања

г-дин Горан Петров, Градоначалник на општина Велес „Поздравно обраќање“

Н.Е. Г-дин , Хозе Мануел Паз и Агуерас, Амбасадор на Кралството Шпанија

Создавање стратешко партнерство за пристапување во ЕУ“

Н.Е.г-дин Луис Алмеида Сампајо, Амбасадор на Португалија

„Создавање на стратешко партнерство за пристапување во ЕУ„

Г-дин Игнасио Молина, Кралски институт Елкано Шпанското искуство од пристапувањето и членството во ЕУ и улогата во политиката на проширување“

Г-ѓа Соња Родригез, Португалски институт за меѓународни односи

„Португалското искуство од пристапувањето и членството во ЕУ и улогата во политиката на проширување“

Г-дин Андреја Стојковски, Македонски центар за европско образование

„Кои се следните чекори?“

15:00 – 16:00 Ручек

16:00 – 18:15 ОСВОЈУВАЊЕ НА ЅИДОТ

16:00  Часови на европскиот филм- Презентација на куси документарни филмови

16:45 Младински образовен форум- Дебата / Симулација – Пристапување во членство во ЕУ

Најмалото театарче на светот „Зелената гуска“-

Театарчето „Зелената гуска“ се враќа во матичната општина