mk @ eu
Настаните од проектот „Акција за Европа“ се можност граѓаните да се информираат и да дебатираат за придобивките од членството во ЕУ, за очекувањата на граѓаните и реалните промени по зачленувањето во Унијата, за економскиот и општествениот развој по пристапувањето во Европската унија, како и за тоа дали постои алтернатива за развој надвор од Унијата.
Тематската конференција „Што битно се промени по пристапувањето во членство во ЕУ?“ во Велес е коорганизирана со Словачкото претседателство на Вишеградската група држави. На настанот ќе говорат амбасадорите на Словачка, Полска и Унгарија: Роберт Кирнаг, Дариуш Карол Бахура и Ференц Кекеши, потоа Милан Фишер, заменик-амбасадор на Чешка, како и новинарот Васко Попетрески и професорот Сефер Тахири.