Печати

mk @ eu

 

Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), со тематската конференција „Што битно се промени по пристапувањето во членство во ЕУ?“, закажана на 15 септември во Велес,  во Ликовен салон, го започнуваат есенскиот циклус на активности и настани од проектот „Акција за Европа“. Активностите ќе продолжат до крајот на октомври 2010 година во Тетово, Скопје и Битола.

Настаните од проектот „Акција за Европа“ се можност граѓаните да се информираат и да дебатираат за придобивките од членството во ЕУ, за очекувањата на граѓаните и реалните промени по зачленувањето во Унијата, за економскиот и општествениот развој по пристапувањето во Европската унија, како и за тоа дали постои алтернатива за развој надвор од Унијата.


Тематската конференција „Што битно се промени по пристапувањето во членство во ЕУ?“ во Велес е коорганизирана со Словачкото претседателство на Вишеградската група држави. На настанот ќе говорат амбасадорите на Словачка, Полска и Унгарија: Роберт Кирнаг, Дариуш Карол Бахура и Ференц Кекеши, потоа Милан Фишер, заменик-амбасадор на Чешка, како и новинарот Васко Попетрески и професорот Сефер Тахири.