Печати

 

 

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 2 од Законот за работни односи (објавен во С. Весник на РМ 62/05) Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС – Велес , согласно потребите за реализација на Годишната програма за 2010 година поддржана од програмата CIVICA Mobilitas која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) а имплементирана од Центарот за институционален развој (ЦИРа), распишува конкурс за прием на работник на определено време со полно работно време на следната позиција

 

 

Финансиски менаџер 1 (еден) извршител

 
Годишната програма на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес е поддржана од Програмата CIVICA Mobilitas, koja е имплементирана од страна на  Центарот за Институционален Развој – ЦИРа и финансирана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), претставена од Швајцарската Канцеларија за Соработка во Македонија“

 

 

 

 

Предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

· стекнато ВСС;
· солидно познавање и искуство во НВО секторот од најмалку 2 години;
· искуство во финансиското работење;
· високо искуство во планирање и реализација на буџети;
· солидно познавање на англискиот јазик;
·познавање на работа со компјутер (
Microsoft Office и Internet);
·независност во работењето и одлучувањето;
· добри комуникациски, организациони и менаџерски способности;
· подготвеност за тимска работа;
· познавање на работа со
Quick Books 2010.

Од финансискиот менаџер се очекува да го одржува системот на финансиско работење на Фондацијата и да му обезбедува навремени и соодветни информации на извршниот директор потребни за раководење на организацијата поврзани со финансиска и буџетска контрола, прилагодување и користење на финансиски системи и процедури и финансиско планирање и известување.


 

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават своите пријави кои вклучуваат:

- Писмо за мотивација на македонски јазик
-
Curriculum Vitae (работна биографија) на македонски јазик

Ве молиме назначете Ваш телефон за контакт и точна поштенска адреса.

Бараните документи доставете ги најдоцна до 19 март 2010 година (петок) по електронска пошта на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта на адреса:

Фондација за локален развој и демократија ФОКУС, Велес
ул: Трајко Панов бр.22
1400 Велес
(со назнака: за конкурсот)

Само селектираните кандидати дополнително ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Избраниот/та кандидат-ка ќе треба да биде во можност да отпочне со работа веднаш.


Велес, Извршен директор, Веса Шкортова
15.03.2010 година