Печати

Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, доби донација од 165 книги од различни области  од Мировен Корпус Македонија. Со оваа донација библиотечниот фонд на Фокус се зголеми за нови 125 наслови. Од донираните 165 книги Фокус предаде 16 наслови на Извидничкиот Одред ,,Димитар Влахов,, од Велес за нивните потреби. Сите останати книги стојат на располагање на останатите здруженија на граѓани и фондации во градов и може да се видат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во Фондацијата.

knigi peace corps

Книгите се достапни за заинтересирани граѓани,  ученици и студенти, кои можат да дојдат директно во Фондацијата „Фокус“ на ул „Трајко Панов“ бр.22 (во Дворови спроти Градинката), лице за контакт Наташа Коџабашиева.