Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 11.04.2017 годиина. Фондација за локален развој и демократија„ Фокус“ го подготвува новиот стратешки документ за периодот 2017 – 2020 година. Тимот на Фондацијата на крајот на месец март и на почетокот на април одржа две средби со косултантот Бети Деловска од Центарот за компетенции и сертификации од Скопје избрана за изработка на стратегискиот документ. На средбите проектно ангажираните лица со Деловска направија анализа на досегашната работа на Фондацијата, на капацитетите и ресурсите со кои располага, ги идентификуваа слабостите и предностите при тоа беа одредени и насоките на развојните правци на Фокус.
Проектно ангажираните лица во Фокус се согласија визијата и мисијата на Фондацијата да остане иста односно и понатаму Фондацијата да работи на промоворање и унапредување на демократијата и граѓанското општество, да ги развива и поддржува иницијативите кои се темелат на добро управување и одговорни граѓани, да придонесува за вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво како и во развојот на социјалните и економските процеси во локалната заедница, во регионот и во државата.


На средбите се разви дискусија и за влијанието на политичките, економските, социјалните и правните фактори врз Фондацијата како и за можностите кои на Фондацијата ќе и ги зајакнат организациските капацитети и ќе придонесат да биде повлијателна во локалната заедница, во регионот и во државата.
На двете средби со консултантот Деловска беа утврдени и стратегиските цели на Фондацијата за периодот 2017 – 0120 година. Документот е од големо значење за Фондација Фокус затоа што тој го определува правецот и ги конкретизира активностите согласно мисијата и визијата на граѓанската организација. Стратегискиот документ е во изработка и се очекува да биде готов до крајот 20 април, годинава.

Оваа активност финансиски е поддржана од програмата на Цивика Мобилитас.