Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

UO1

Се конституираше новиот состав на Одборот на Фондација „Фокус“ со мандат во периодот 2017 – 2020 година. Конститутивната седница се одржа на 09.10.2017 година, на која присуствуваа новите членови на одборот: Пенчо Јаневски, Љубица Јаневска, Ленче Здравкин и Стефан Каракачанов. 

Одборот, едногласно за Претседател го избра  Пенчо Јаневски, кому ова му е втор мандат.

Претседателот на одборот Пенчо Јаневски ја отвори седницата со дневен ред: усвојување на Деловникот за работана Одборот, Информација на членовите за Стратегискиот план на Фондацијата  за период 2017 – 2020 година, информација за тековни проекти на Фокус и разно.

uo2

Финансискиот асистент  на Фокус Димче Велев го запозна одборот со содржината на Стратегискиот план што фондацијата  го подготви со финансиска поддршка од институционалниот грант на програмата Civica mobilitas. Тој истакна дека Фондацијата особено внимание во иднина ќе посвети на жените, младите и бизнис заедницата, за што ја побара и поддршката од членовите на Одборот. Извршната директорка Убавка  Јаневска  на конститутивната седница зборуваше за моменталната состојба во која се наоѓа Фокус, за актуелните проекти на кои работат вработените и хонорарно ангажираните лица, како и за идните планови и проекти, за чија реализација побара активно вклучување на  членовите на Одборот  со свои идеи, предлози и сугестии. 

Фондација Фокус е Институционален грантист на Civica Mobilitas програма.