Печати

Фондација ФОКУС, на 01 декември 2008 година, потпиша Договор за годишен грант со ИТЗ (Институтот за трајни заедници) во рамки на програмата за јакнење капацитети на граѓанските организации, финансирана од УСАИД.  Висината на грантот изнесува УС$ 25.083.

Со средствата добиени од ИТЗ, фондацијата ќе го реализира проектот НИЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА кој има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во донесувањето одлуки и креирање локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Проектот ќе се реализира во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.