Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

bbejkova1

Во тек е изработката на Стратегијата за комуникација на Фондација за локален развој и демократија Фокус за период од 2017 до 2020 година.

naslovnafocus

Велес, 09.05.2017 година  - Основачите на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“  го усвоија новиот Стратегиски план за развој на фондацијата во периодот 2017 – 2020 година. Документот се креираше низ процедура на вклученост на повеќе заинтересирани страни за работата на фондацијата. Стратегискиот план беше подготвен од консултант заедно со менаџментот на Фокус.

Велес, 11.04.2017 годиина. Фондација за локален развој и демократија„ Фокус“ го подготвува новиот стратешки документ за периодот 2017 – 2020 година. Тимот на Фондацијата на крајот на месец март и на почетокот на април одржа две средби со косултантот Бети Деловска од Центарот за компетенции и сертификации од Скопје избрана за изработка на стратегискиот документ. На средбите проектно ангажираните лица со Деловска направија анализа на досегашната работа на Фондацијата, на капацитетите и ресурсите со кои располага, ги идентификуваа слабостите и предностите при тоа беа одредени и насоките на развојните правци на Фокус.
Проектно ангажираните лица во Фокус се согласија визијата и мисијата на Фондацијата да остане иста односно и понатаму Фондацијата да работи на промоворање и унапредување на демократијата и граѓанското општество, да ги развива и поддржува иницијативите кои се темелат на добро управување и одговорни граѓани, да придонесува за вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво како и во развојот на социјалните и економските процеси во локалната заедница, во регионот и во државата.