На работилницата што се одржа на 30 мај 2019 година пред присутните членови на Одборот, на Комисијата за контрола на материјално финансовото работење на фондацијата, волонтери и поддржувачи беа презентирани искуствата од работните средби што основачите и експертката Јадранка Стефкова ги остварија со партнерските организации во Македонија и во Љубљана, Република Словенија за воведување на стандарди на работење на Фокус.
Дводневната посета на работниот тим на Фондација Фокус на Љубљана и остварените работни средби со претставници на граѓански организации кои долгорочно во својата работа практикуваат добри практики, отчетност и транспарентност базирани на стандарди и процедури како резултат ги даде следниве најзначајни препораки:
Во периодот 6-7 мај, 2019 година, работен тим на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес реализираше студиска посета на три граѓански организации во Љубљана, Република Словенија со цел да ја анализира примената на стандарди за управување со квалитет во граѓанскиот сектор.