Печати
 
Фондацијата „Фокус“ учествуваше на регионална конференција во Загреб, посветена на системите за осигурување квалитет во граѓанските организации.
На конференцијата беа промовирани стандардите за осигурување квалитет во граѓанските организации и тоа: ИСО, ПИКАСО и СОКНО и беа споделени искуства од нивната досегашна примена. 
Претставниците од граѓанските организации од Македонија заедно со претставниците од TACSO канцеларијата изработија акциски план за промовирање на постоечките модели и воведување на стандарди за квалитет на граѓанските организации и во нашата држава.
Со оглед на тоа дека многу тешко се доаѓа до информации за постоечките стандарди како и контакт од организации кој ги имаат воведено или работат на воведување на истите, конференцијата беше одлична можност да се стекне целосна претстава за овој процес.