Печати

Сам и тој до тебе!

Image

Пријател – е асоцијација која се заснова  на емоции, регуларни бизнис контакти, или било кој друг тип на социјална состојба. Пријателството е интерперсонално комуницирање во просторот со различните актери во моменталната состојба, како што се: семејството, другари, сопруг(а), колеги, работата, клубовите, соседи и црквата/џамијата ....

Спознанието дека имаш моќ е релативна категорија, зависи од практикантот на моќта! Се додека не се има чувство за човечност, се додека се губи хуманоста, се додека се омаловажува и поганува другиот се дотогаш е (зло)уптреба на моќта. Додека пак спознанието да си голем човек, не е засновано на физичките сантиметри што ги имате на вашето тело, тики е прогресивност колку нови пријатели имаш секој ден, секоја недела и месец, во времето кога ја имаш моќта, што секако времено ти ја дале. А моќта е битна состојка во денешно време, во нашиот ни Велес, без неа  ко да не си човек.

Ако подобро го погледнеме, што човечни останавме во нашиот Велес?  Сигурен сум, дека сите како и мене,  да го напуштите членството од човештвото.  Во оваа сегашност имам статус на стока, од мене се бара да клечам и молчам, не дека не смеам уста да отворам туку напротив сакаат караоке да пеам, туѓи зборови и туѓа музика да изведувам. Епа нели, треба да сфатам дека презирот е стасан заедно со смрдеата, сакам час поскоро сметки да платам, затоа што ѓаволовите трговци се пред храмовите, злата крв се шири и меѓу нас. И кога и да се свртам, гледам лажни и поранешни луѓе, каменелеони и  фарсисти. Секако, јас  глупав и будала, се уште тврдам, додека ножот од грбот  го вадам,  дека сме хумани и дека ангелите се милосрдни, во меѓувреме надежта ми е се заменува со разочарувањето, по кој знае пат без трона омраза или презир. Но, свесен сум дека човекот е створен да страда, дека луѓето понекогаш, водени од сопствениот водач - урлат – Падни!  Потони! Изгори!

Но, повторно сум убеден дека милосрдноста е наша особина. Ако спротивно помислам, ме обзема страв дека сонцето прерано ќе зајде, и дека отсега ќе сфатиме дека нашите наследници ќе се откажуваат од нас, заради нашето однесување. А нели од нив ја позајмивме денешницава?  Иако, отечени се нозете од празните чекори, барајќи ја слободата, чекајќи да заврши транзицијата, надевајќи се дека нема да изгубам рамнотежа и дека нема да паднам прерано. Иако секогаш кога давам љубов, никогаш не очекувам возврат!

Ама пуста желба си останува само желба. Повторно сме на исто, очи си вадиме. Кога ние дома не сме сложни како сакаме однадвор млеко да ни дадат. Премногу се партизираме, контаминирани сме до даска, политика за воздух ја воспримаме! Е, вистина е, дека одвреме на навреме големи трагедии ја будат нашата совест. Затворени сме во политиката,  дотолку што само кукаме,  колку ни е лошо што забораваме на тие што им е полошо од нас. И јас, како и многумина, се прашувам, дали ни е потребна нова трагедија, да изгубиме некој па да барем момент ги отвориме нашите срца, дури тогаш дозволуваме нешто да допре до нас?  Дали ако на политиката не и придаваме толку важност, дали ако имаме помалку криминал и црна хроника по медиумите, а повеќе човечни и убави приказни, ќе имаме поголемо срце и поголема совест?!

Што ли ќе биде, нашите политички (вклучуваќи ги и партиски) елити, нашите ПРИЈАТЕЛИ, 365 дена бидат тоа што се, нашите соседи, другари, колеги .... бидат хумани и толерантни? Се прашувам како ли изгледа да бидеш искрен со секого и сопствената моќ да ја употребиш да имаш не ској ден туку секој час по еден но искрен пријател, кому нема да му бараш ништо за возврат? Како ли изгледа(ше) времето на критичката мисла, на искрените ставови, а не на сегашното темно молчеливо време, низ кое барајќи корка леб, молчиме за се, дур и за најголемата болка кога ја имаме!

Секој  авторитет во нашава ни Општина (локале и национле),  може најслободно Кога сака и на Кого сака нека  ме сместува Каде сака и на лево и на десно и на горе и на долу, може да ми Припишува дека сум со едни, други, трети , секој може да ми Припишува и да ме Отпишува во сопствените пријатели и непријатели. Но, секој од тие локалче и националче, ќе мора да запомни дека мојата мисија не е да ги заменам, немам мисија за ниту еден од нивните правци, мојата мисија е едноставна и е насочена кон иднината на моите пријатели. Им  порачувам, нај харабро и нај одговорно, а повеќе од искрено СИТЕ ВЕ САКАМ, сите Ве имам  за ПРИЈАТЕЛИ! За жал, на некои од Вас, живеам тука и ќе останам да бидам тука, само за разлика од Вас, јас сепак ВЕ САКАМ и не Ве сместувам во ѓаволовите трговци, каде што Ве сместуваат Вашите каменелеонци, тезгаџии, фарсисти, кверуланти, конспиролози, незнабожици, комедијанти ....  и нив ГИ САКАМ, НЕ ЗА ДРУГО, без нив а секако и без Вас, немаше да бидам тоа што СУМ  сега тука и овде заедно со Вас! (Секако за Ваша жал!). И понатаму посакувајте ПРОПАСТ, ПАД, ИЗГОРУВАЊЕ! Јас тоа никому не посакувам, оти знам дека мене ќе ми стигне пред и Вас, така е пишано од библиско време.

Затоа сега кога сме пред многу врати, само што не не примиле внатре, извикнувам Да живее демократијата! Да живеевме ситеее!

 

Диме Велев