Печати

Во рамките на кампањата „Има начин да се активираш“ во Младинскиот парк во Велес се одржа јавен настан, кој беше наменет за младите во Велес. Преку куглање младите ги срушија негативните влијанија кои постојат кај младата личност како апатија, недоверба, мрзеливост и сл. Исто така имаа прилика да составуваат сложувалка на која беа  запишани позитивните вредности од типот: младински активизам , дебата, волонтерство, учиме право и сл.

  ima-nacin-mladi 3  ima-nacin-mladi 4

Целта на овој јавен настан е да ги охрабри и мотивира младите  да се активираат во граѓанските организации и преку конкретни младински иницијативи да придонесат во решавањето на своите проблеми преку кои ќе предизвикаат одредена локална промена.
Овој настан  беше во опрганизација на Младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ и во партнерска соработка со Младинскиот и образовен форум, а финансиски поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

ima-nacin-mladi

ima-nacin-mladi 1  ima-nacin-mladi 2