Печати

Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во салата за пресс конференции на општината, релизираше работилница на тема „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“. Целта на оваа работилница е на младите да им се презентираат моделите на кои општината ги информира граѓаните,  но и да се изнајдат механизми за нивно приближување до младите.

opstina-informiranje  opstina-informiranje 1

Пред 20тина претставници од граѓанските организации, средношколци и студенти претставниците од општината г-а Марија Настова, раководител на сектор, г-а Катица Чадиева и г Сашко Ристовски раководилтели на оделенија им ги презентираа конвенционалните процедури и начини на информирање кон граѓаните, потенцирајќи дека општината  го надоградува концептот на информирање кон комуникациски техники со граѓаните. Општината, согласно расположливите ресурси ги развива комуникациските техники со примена на новите технологии пред се интернетот.

opstina-informiranje 2  

Согласно  акцискиот план за 2012 година од Локалната младинска стратегија на општина Велес, Фондацијата Фокус заедно со општина Велес, ќе организира уште една работилница на која младите ќе понудат повеќе идеи, предлози и нови начини на информирање и комуникација на општината со младите, пред се преку социјалните мрежи.