Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

header-usaid-foom-yef

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Школа за активно граѓанство

Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.

Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:

•         Слобода на здружување;
•         Младински политики;
•         Граѓански иницијативи;
•         Аргументирано изразување.

Обуките ќе се реализираат во 12 градови во Република Македонија (Скопје, Велес, Штип, Кратово, Делчево, Куманово, Гевгелија, Тетово, Кичево, Дебар, Струга и Битола), во соработка со младинските МОФ центри, во периодот мај – јуни 2012 година.

Обуките се еднодневни и ќе се реализираат за време на викенди (во сабота или недела), во секој од 12-те градови.
Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:

• Да се на возраст од 16 до 25 години;
• Да учествуваат во сите четири обуки;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
• Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 3-ти мај 2012 година, преку испраќање CV и пополнета пријава на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавата за учество може да се преземе од www.mof.org.mk, www.soros.org.mk  и http://macedonia.usaid.gov/
Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ и партнерски организации на МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.
Повеќе информации:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
02/3139 692

ePoster-Obuki-USAID-CSP21