Печати

Членовите на Младинскиот клуб „Фокус“ од Велес, Моника Саздова и Дејан Ризински  како дел од тимот заедно со Мартин Божновски од Скопје по втор пат освоија сребрен медал. Овој пат второтo место и сребрениот медал го освоија на Националното дебатно првенство кое се одржа во периодот од 28-30 април во Гимназијата „Никола Карев“ и беше организација на Младинскиот Образовен Форум од Скопје. 

 

Исто така  на ова дебатно првеснтво учествуваа Бојана Ѓуровска, Иле Димов и Ања Несторова, членови на младинскиот клуб „Фокус“ кои оствавија силен впечаток на ова дебатно првенство во силна конкуренција на дебатери на кое учествуваат за прв пат. На Националното дебатно првенство се дебатираше на тезата „Примена на тортура од страна на државата (не) е оправдана во исклучителни случаи“ и оваа година учествуваа стотина натпреварувачи, тренери и судии од дебатните клубови од Скопје, Велес, Кичево, Штип, Неготино, Струмица, Тетово, Дебар и Делчево.