Печати

На 31.10.2012 година во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа работилница за утврдување на приоритети на младите во општина Велес. На истата присуствуваа 15 учесници и тоа од следниве младински организации: Младински клуб при Фондација „Фокус“, Извиднички одред  „Димитар Влахов“, Клуб на млади „Црвен Крст“ Велес, Младинскиот Образовен Форум и  Студентскиот парламент при Техничко -технолошкиот факулет од Велес.

mladinski prioriteti  mladinski prioriteti1

По презентација на надлежностите со кои располага локалната самоуправа од страна на претставници од Фондацијата „Фокус“, учесниците на работилницата ги идентификува следниве младински приоритети:

1.Решавање на проблемот со кучиња скитници
2.Хортикултурно уредување на градот ( градење на стаклена градина)
3.Едукација за здрав животен стил
4.Младински камп (урбанизиран простор на езеро Младост)
5.Реновирање на градски стадион
6.Подобување на ноќен живот
7.Подобрување на греење во средните училишта
8.Подобрување на меѓуопштинска соработка (размена на претстави, проекции и слично изработени од средношколци и студенти)
9. Израдба на хостел
10.Игротеки за деца до 18 години
11.Младинско скаутско радио
12.Уредување на кејот на Вардар
13.Обуки за млади волонтери за да бидат туристички водичи низ градот
14.Реконструкција на планинарски дом ,,Бреза,,
15.Аматерски младински драмски центар (помош од општината во обезбедување простор и актери кои ќе ги учат заинтересираните средношколци глума)
16.Проекција на филмови во младински парк
17.Отворени претстави на учениците од музичкото училиште во младински парк
18.Униктните книги од градската библиотека да станат подостапни за младите

По идентификувањето на приоритети присутните млади со гласање се согласија следниве пет приоритети да се најдат највисоко на листата на приоритети кои ќе треба да ги реализира општина Велес во следната 2013 година:

1. Аматерски младински драмски центар (помош од општината во обезбедување простор и актери кои ќе ги учат заинтересираните средношколци глума)
2. Младински  камп на езеро Младост
3. Едукација  за здрав животен стил
4. Решавање на проблем со кучиња скитници
5. Реконструкција на планинарски дом ,,Бреза,,