Печати

На  01.11. 2012 година  младите од Велес беа во посета на својата општина, со цел да се запознаат со работата на Советот и градоначалникот, како и секторите кои постојат во рамките на општината. За време на оваа посета, младите од страна на претставници на општината беа информирани за надлежностите на локалната самоуправа, како граѓаните може да ги остварат своите права, како младите можат да поднесат претставка и иницијатива до општината и за кои прашања и области можат истите да се поднесат.

poseta opstina  poseta opstina1

Младите од Велес  имаа прилика да постават прашања за работи од локален интерес, за начинот на донесување на одлуките и имаа можност да ја согледаат важната улога која ја има локалната самоуправа во општествениот живот во Република Македонија.