Велес, 25 декември 2015 - Триесетина фотографии со портите од најавтентичните куќи од старата велешка архитектура наместо во ликовен салон каде се одржуваат речиси сите ликовни изложби и изложби на фотографии, беа изложени во еден кафе бар во градот. Фотографиите ги изработија членовите на Медиа арт клубот при Младинскиот образовен форум од Велес. Според нив фотографиите ги симболизираат затворените врати на институциите во општеството. Изложбата е насловена „Шимшир порти затворени“

izlozba fotografii 5  izlozba fotografii 3

Младите членови речиси еден месец ги фотографираа старите градби низ Велес со најавтентични порти кои се симбол на сите затворени врати кои ги имаме во општеството и во институциите“, рече координаторот на изложбата Стефан Каракачанов.

izlozba fotografii 2  izlozba fotografii 6
Младите претходно на предавања учеа и вежбаа како да ги изработат фотографиите кои имаат единствена цел, пораката да ја пренесат до сите граѓани кои се соочиле и сеуште се соочуваат со затворени врати во местото каде живеат.