Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 05 октоври 2015, Во периодот од 28-ми септември до 4-ти октомври 2015 година беше реализирана младинската волонтерска акција „Млади, мурали и јавни простори“ која се одржа на неколку различни локации во Велес – Младински парк, Мал мост и Амфи-театар. На настанот присуствуваа 15 волонтери и истиот имаше за цел вклучување на младите во грижата за јавните простори и нивно креативно уредување, како и подигање на свеста на граѓаните за достапноста, уредувањето и грижата за јавните простори.

murali veles 5  murali veles 14

„Јавниот простор е елемент на градот кој припаѓа на сите. Препознавме делови на градот кои се навидум невидливи поради сличноста на опкружувањето и решивме да ги оживееме, да ги направиме видливи места на кои би се аплицирала некаква уметност. Со тоа на суптилен начин ги оживуваме просторите, внесуваме пријатни промени на околината и преку безименост сведочиме за креативниот потенцијал кој го има Велес, Македонија воопшто. Би сакале ова да е само почеток на реализирањето на креативноста и иновативноста на сите сфери од општеството. Ѕидовите обично се разгледувани како објекти кои раздвојуваат, но за нас беа парчиња способни да ни го примат ентузијазмот и позитивната енергија која сме желни да ја рашириме што подалеку“ изјави Александра Алексовска, координатор на акцијата.

  murali veles 8  murali veles 6

murali veles 3                      murali veles 1

Волонтерската акција се состоеше од цртање мурали на одобрени локации од страна на Општина Велес, во која што студенти со различни профили, уметници, архитекти, инженери и дизајнери, преку употреба на боја, форма и композиција се обидоа да го разубават просторот кој припаѓа на сите граѓани.

Акцијата се спроведуваше во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Проектот „Младите онлајн – Радио МОФ“.