Велес, 16 октомври 2015, Вози внимателно – некој те сака“, „Не седнувај зад волан пијан, за твојата забава ќе плаќа некој друг“, ова се само дел од пораките кои денеска неформална група средношколци активисти им ги упатија на младите велешки возачи. Со делење на флаери и брендирани шољи за кафе, на кои беа испишани разни пораки, тие се обидоа да ја подигнат свеста кај младите, додека седат зад волан или возат моторцикл, да ги почитуваат сообраќајните правила.

soobrakajna kultura 2  soobrakajna kultura 1

„Свесни сме дека во последно време има многу млади кои возат непрописно и нивната сообраќајна култура е на многу ниско ниво . Тие млади возачи користат и пороци додека возат, на пример, ќе отидат на забава и ќе земат некакви супстанци и после тоа ќе се качат на мотор или во кола. Тоа се причините поради кои повеќето од сообраќајките се случуваат и гинат млади луге“, рече средношколката Илина Димовска.
Кампањата за подигнување на свеста кај младите возачи се реализира со поддршка на Младински образовен форум и Фондација отворено општество. Таа се одржува во осум градови низ државата