Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 logofokus

Целта на проектот:

Главната цел на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ е намалување на невработеноста на младите во општина Велес по завршувањето на средно општо образование преку поттикнување на самовработување преку едукација на 48 ученици од средното општо образование во областа на декоративен дизајн и моден дизајн преку теоретска и практична работа за примена на стекнати знаења и јакнење на нивното знаењето во процесот на самовработување по завршувањето на средното општо образование.

Целта на ангажманот:
Едукација на 48 ученици од средно општо образование во областа на декоративен дизајн и областа на моден дизајн преку теоретска и практична работа за примена на стекнати знаења и практични вештини.
Времетраење на ангажман:
6 месеци
Задачи кои обучувачот ќе ги врши:

МОДЕН ДИЗАЈН
• Изготви Програма за работа, Прирачник за спроведување на програма, Курикулум и Програма за подготовка на идни обучувачи во рок од еден месец по склучувањето на Договорот за изведување на обука во област на моден дизајн
• Спроведе Програма за работа во траење од 4 месеци која ќе се одржува два пати месечно (секоја втора сабота) од кои во еден ден ќе бидат изведени по еден теоретски час и по блок часови практична работа во рамки на 16 обуки
• Спроведе 4 менторски средби со најуспешните 5 кандидати по програма
• Изготви евалуација на успешноста на учесниците во сите фази од обуката во писмена форма во excel формат

ДЕКОРАТИВЕН ДИЗАЈН
• Изготви Програма за работа, Прирачник за спроведување на програма, Курикулум и Програма за подготовка на идни обучувачи во рок од еден месец по склучувањето на Договорот за изведување на обука во областа на декоративен дизајн
• Спроведе Програма за работа во траење од 4 месеци која ќе се одржува два пати месечно (секоја втора сабота) од кои во еден ден ќе бидат изведени по еден теоретски час и по блок часови практична работа во рамки на 16 обуки
• Спроведе 4 менторски средби со најуспешните 5 кандидати по програма
• Изготви евалуација на успешноста на учесниците во сите фази од обуката во писмена форма во excel формат
Квалификации кои обучувачот треба да ги поседува:
• Високо образование во областа на декоративниот/модниот дизајн
• Работно искуство во дејноста од најмалку 3 години
• Работно искуство во предавање и практична работа со млади и ученици од најмалку 3 години
• Ораторски способности – селектираните кандидати на закажаното интервју потребно е да подготват и презентираат презентација од областа за која се пријавуваат во времетраење од 10 минути во која ќе ги покажат и докажат своите ораторски способности
• Понуда на иновативна и креативна програма за изучување - селектираните кандидати на закажаното интервју потребно е да прикажат идеја за развој на Програма за работа, Прирачник за спроведување на програма, Курикулум и изработка на Програма за подготовка на идни обучувачи

Постапка за аплицирање:
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-лична биографија на македонски јазик
-мотивационо писмо
-финансиска понуда
на емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до петок 22.08.2023 година до 24:00 часот.

Бидејќи проектот е ослободен од ДДВ, понудите треба да бидат исклучиво без ДДВ. Критериум за најповолна понуда е најниска цена. Нема други критериуми. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор на дело и истите ќе бидат исплатени во бруто износ.

focus logo

Фондацијата Фокус ги повикува сите заинтересирани граѓани од Општина Велес да донираат материјал за рециклирање: стари фармерки, волница, копчиња, платна и остатоци од платна како и друг декоративен материјал кој е нов или е чист во зачувана состојба и може да се преработува за употреба во изработка на модни и декоративни дизајни.