Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес во рамки на проектот „Ние за заедницата“  чија цел е да го промовира и поттикне доброто управување во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и да овозможи активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето локални политики значајни за развојот на нивните заедници, објавува

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  ИНИЦИЈАТИВИ
на НВО за поттикнување развојни процеси во заедницата

Целта на овој повик е да им овозможи на НВО од Велес, Градско, Лозово и Чашка активно да се вклучат во развојот на локалните заедници преку креирање локални стратегии за развој и спроведување на веќе постоечките, да се вклучат во проценка и подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните како и во поттикнување  поголема транспарентност и отчетност на локалните власти и институции.

Ќе бидат поддржани конкретни иницијативи од здруженија на граѓани кои ќе се однесуваат на следните теми: воспоставување граѓански мониторинг на еднаквиот пристап, дистрибуцијата, недискриминацијата и ефективноста при испораката на јавните услуги; развивање и примена на модели за давање социјални услуги на локално ниво; активности за застапување кои водат кон воспоставување на подобри политики, процедури или практики во институциите на локално ниво; спроведување на граѓанските приоритети дефинирани на јавните расправи и одржаните работилници.

Пополнетите апликации можат да се доставуваат најдоцна до 1ви Јули 2009 година, а спроведувањето на одобрените иницијативи треба да заврши најдоцна до 31-ви октомври 2009. Времетраењето на иницијативите не е ограничено и истите можат да се имплементираат согласно потребите, а во рамки на наведениот период.

На повикот можат да се пријават НВО и коалиции на НВО од наведените општини. Максимален износ за поддршка на една иницијатива е во висина до 91,000.00 денари, при што за секоја иницијатива потребно е да се обезбеди минимум 15% учество (финансиско или нефинансиско) од носителот на иницијативата или партнерите. Вкупниот фонд за поддршка на иницијативи изнесува 497.500,00 денари.

За подетални информации и дополнителни прашања околу повикот, ќе се одржи презентација на 22.05.2009 во просториите на Фондација Фокус со почеток во 16:00 часот.

Сите заинтересирани подонесители на иницијативи, за секоја детална информација ќе можат и потоа да ги посетуваат просториите на фондацијата ФОКУС, секој работен ден од 10.30 – 14.30 часот или да се информираат на телефонот 043 221 583 и да добијат дополнителна помош и консултација за развивање на иницијативите или за пополнување на формуларот.

Формуларите за пријавување може да се подигнат во Фондацијата или да се симнат од веб страната www.focus.org.mk. Комплетираните предлози за иницијативи може да ги доставувате директно во Фондацијата ФОКУС, од Велес на адреса ул: Трајко Панов бр.22,1400 Велес,
Р. Македонија, по Факс. 043 212 450 или по електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

превземи

Формулар за пријавување (.doc)

превземи

Конкурс за доделување на грантови за поддршка на иницијативи (.doc)

 

Image