Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата Фокус со финансиска поддршка од Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ), преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави (УСАИД) го објавува следниов:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА

ЗА ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ НА ФОНДАЦИЈАТА

Од избраниот консултант се очекува да:

- Подготви предлог методологија за подготовка на стратегија за финансиска одржливост;

- Подготови и фацилитира работилница за креирање стратегија;

- Одржи дополнителни консултативни средби за доработка на стратегијата.

Кандидатите треба да ги исполнaт следниве услови:

*Да имаат искуство во одржување обуки и работилници за подготовка на стратегии за финансиска одржливост на организации;

*Да ја познаваат работата на непрофитниот сектор.

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

*Кратка биографија;

*Предлог методологија и динамика за подготовка на стратегија за финансиска одржливост ;

*Предлог програма за работилница;

*Цена на чинење на услугата.

Ангажманот се однесува на најмногу 10 работни денови заклучно до 10 октомври 2009.

Документите, може да се достават лично во просториите на Фондацијата или да се испратат на следните адреси:

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес

на ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес,

со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК



E-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Јавниот повик е отворен до 28 август 2009 година. Избраниот кандидат ќе биде контактиран најдоцна до 09 септември 2009 год.

 

Дополнителни информации за јавниот повик може да се добијат на веб страната на Фондацијата, www.focus.org.mk

ПОВЕЌЕ