Печати

ПОКАНА

За присуство на работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Почитувани,

Општина Чашка и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат  работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.

За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 20.10.2009 год. (вторник) во интернатот во ОУ ,,Тодор Јанев,, во Чашка со почеток во 12 часот.


Со поканата Ви го доставуваме и предвидениот дневен ред на работилницата.

Фондацијата ,,ФОКУС,, за сите присутни учесници ќе обезбеди превоз, печатени материјали и освежување.

Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.

 

Дневен ред
на работилница за идентификација на граѓанските приоритети
за програмите на Општина Чашка за 2010год.,   
Интернат во училиште ,,Тодор Јанев,, Чашка 20.10.2009



•    12.00 - 12.30  - Вовед на работилницата

о    Цел на работилницата
о    Очекувања од работилницата
о    Норми за работа
о    Информација за реализирани приоритети од 2009 година
(изложени од претставник на НВО, модератор и претставник од општината)


•    12.30-13.00  - Идентификација на проблеми/приоритети во локалната  средина

о    Информација за плановите и приоритетите на општината за 2010 година

о    Дефинирање приоритети по месни заедници за 2010 година.

•    13.00-13.15 - Пауза за кафе


•    13.15-14.00 - Преглед на приоритетите

о    Дискусија
о    Одредување  5 генерални потреби и приоритети


•    14.00 -14.15 -  Оценка на работилницата


•    14.15 - Завршување на работилницата и заминување на учесниците