Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
ПОКАНА
 
За присуство на работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Почитувани,

Општина Градско и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат  работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.

Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.

За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 20.10.2009 год. (вторник)  во сала на Совет на општина Градско со почеток во 17 часот.


Со поканата Ви го доставуваме и предвидениот дневен ред на работилницата.

Фондацијата ,,ФОКУС,, за сите присутни учесници ќе обезбеди превоз, печатени материјали и освежување.

Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.
 
Дневен ред
на работилница за идентификација на граѓанските приоритети
за програмите на Општина Градско за 2010год.,   
во сала на Совет на општина Градско, 20.10.2009г.



•    17.00 - 17.30  - Вовед на работилницата

о    Цел на работилницата
о    Очекувања од работилницата
о    Норми за работа
о    Информација за реализирани приоритети од 2009 година
(излагање на претставник од НВО, модераторот и г-ѓица Виолета Малчева)

•    17.30-18.00  - Идентификација на проблеми/приоритети во локалната  средина

о    Информација за плановите и приоритетите на општината за 2010 година
г-ѓица Виолета Малчева
о    Дефинирање приоритети по месни заедници за 2010 година

•    18.00-18.15 - Пауза за кафе


•    18.15-19.00 - Преглед на приоритетите

о    Дискусија
о    Одредување  5 генерални потреби и приоритети


•    19.00 -19.15 -  Оценка на работилницата

•    19.15 - Завршување на работилницата и заминување на учесниците