Печати

на тема  „Локална демократија и активно граѓанско учество

Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес во рамки на проектот „ Ние за заедницата“ чија цел е да придонесе за поактивно вклучување на граѓаните во локалниот развој, организира еднодневна конференција за размена на добри практики на граѓанска партиципативност во креирањето локални политики и утврдување потенцијални можности за поголема меѓуопштинска соработка на општините Велес, Лозово, Градско и Чашка каде Фондацијата делува.

Проектот „Ние за заедницата“ се спроведува од декември 2008 година со финансиска поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) со фондови на Соединетите американски држави (USAID) и во рамки на истиот беше спроведен процес на утврдување граѓански приоритети и мониторинг на реализацијата на општинските програми и буџети за 2009 година. Резултатите за опфатот на граѓанските приоритети и нивната реализација ќе бидат презентирани на конференцијата.

Конференцијата ќе се одржи на 14ти декември (понеделник) во големата сала на општина Велес, со почеток во 09:00 часот.

На конференцијата се поканети и ќе се обратат: Заменик министерот за локална самоуправа, г.Ферат Фератоски, градоначалниците на општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка, г. Горан Петров, г.Глигур Коцев, г.Орце Цветковски и г.Горанчо Пановски и г. Kenneth Lizio, директор за демократија и локално владеење во USAID.


Ќе ни биде особено задоволство ако ја прифатите нашата покана за учество на конференцијата.

Во прилог е предлог дневниот ред со напомена дека сеуште сме во очекување на потврда на присуствата на некои од воведничарите за сесијата и панелите.

 

09:00 – 09:30 Пријавување и регистрација на учесници

09:30 – 10:15 Отворање на конференцијата и воведни излагања
• г. Фарук Фератоски, Заменик министер за локална самоуправа, Влада на Р.М.
• г. Горан Петров, Градоначалник на општина Велес (дсп)
• г. Глигур Коцев,  Градоначалник на општина Градско
• г. Орце Цветковски, Градоначалник на општина Лозово
• г. Горанчо Пановски, Градоначалник на општина Чашка (дсп)
• г. Kenneth Lizio, Директор за демократија и локално владеење во USAID
модератор: г-а Веса Шкортова, Извршен директор, Фондација Фокус

10:15 – 10:45 Презентација на резултати од спроведениот мониторинг на реализацијата на граѓанските приоритети
• г. Никола Сталески, Центар за истражување и креирање политики на Македонија (ЦИКПМ)
• г-а Славица Ќучукова Николова, Фондација Фокус

10:45 – 11:00 пауза
11:00 – 12:00 Сесија 1
Локална демократија и активно граѓанско учество
• г. Борис Шарковски, Фондација за развој на локалната заедница, Штип
• г-а Тања Ѓорѓиевска, ЗЕЛС (дсп)
• претставник од Младински образовен форум
• г. Дарко Конески, Младинска коалиција СЕГА
• г. Димче Велев, програмски директор, Фондација Фокус
модератор г-а Славица Кучукова Николова
12:00 – 12:15 пауза и распределба на учесниците по панели

12:15 – 14:00 Панел 1
Како до поуспешна идентификација и реализација на граѓанските приоритети
• г. Костадин Настевски, општина Велес
• г. Зоран Јанкуловски, Здружение на финансиски работници на локална самоуправа и јавни
претпријатија (ЗФРЛСЈП)
• г-а Соња Гаврилова, Друштво на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП)
• г-а Васка Драшковиќ, Центар за институционален развој (ЦИРА)
модератор г. Борис Шарковски

Панел 2
Подобрување на меѓуопштинската соработка – можности за  решавање заеднички проблеми
• г. Александар Бузалков, директор на Вардарски плански регион (дсп)
• претставник од министерство за локална самоуправа
• претставник од Единица за координација со форумите (дсп)
• г-а Ивана Димитровска, Асоцијација на агенции за локална демократија (АЛДА)
модератор г-а Славица Кучукова Николова

14:00 – 15:00 презентација и усвојување на заклучоци и препораки од панел дискусиите

15:00 – 16:00 ручек и заминување на учесниците