Печати

Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС - Велес, ќе ја одржи својата шеснаесетта седница.
Седницата ќе се одржи на 09. 11. 2010 год. (вторник) со почеток во 19.30 часот, во просториите на Фондацијата.

 

За работа на седницата е предложен, следниот
ДНЕВЕН РЕД

•    Усвојување Записник од 15 седница на Управниот одбор;
1.    Предлог – Измени и дополнувања на Стратешкиот план за развој на фондацијата за периодот 2008 – 2012;
2.    Предлог - Програма за работа и Акционен план за реализација на активности на фондација ФОКУС за 2011 година;
3.    Предлог – Буџет за работа на фондација Фокус во 2011 година;
4.    Предлог – План за воспоставување систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;
5.    Предлог – Одлука именување на комисија за попис во фондацијата за 2011 година;
6.    Предлог - Одлука по поднесени барања за отстапување на трајно користење компјутер од здруженија на граѓани;
7.    Тековни активности
•    Информација за учество на регионална конференција во Р. Хрватска
•    Номинација на кандидати за членови на Одборот на фондацијата