Печати
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и
Министерството за економија на Република Македонија

 ДОДЕЛУВААТ  

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА
ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ за 2010 година


во следните категории (посебно за големи и мали/средни претпријатија):

-Oдноси со вработените
-Eтичко управување
-Односи на пазарот со добавувачите/потрошувачите
-Заштита на животната средина
-Вложување во заедницата

•Право на учество во изборот имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија;

•Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а истовремено може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории;
•Големината на буџетот вклучена во одредена практика, не е одлучувачки фактор, туку идејата и квалитетните проекти, како и постигнатите резултати;
•Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии;
•Сите апликации, материјали и податоци ќе бидат третирани како строго доверливи и ќе бидат дадени на увид само на проектниот тим и членовите на жири комисијата.

 Годинешнава национална награда се спроведува во рамките на проектот: Општествената одговорност на претпријатијата во РМ, кофинансиран од Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP) 2007-2013, спроведуван од Министерство за економија во партнерство со: Македонска развојна фондација за претприемништво, Сојуз на стопански комори на Македонија и здружение Конект.

 Апликациите за пријавување со критериуми за селекција се достапни на  www.economy.gov.mk и www.cbcsr.mk.

 Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со забелешка: Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава за Национална награда за општествено одговорни практики на адреса: Министерство за економија  на РМ, ул „Јуриј Гагарин“ 15, 1000 Скопје.


Пријавите се примаат најдоцна до 20-ти септември 2011 година, до 15:00 часот