Печати

на Општина Велес за 2012 година

Почитувани,

Општина Велес и Фондација „Фокус“, Ве покануваат на Јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2012 година. Јавните расправи ќе се одржат на  03.11.2011 година (четврток)  во големата сала на Општина Велес и тоа:

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров

Извршен директор
на Фондација „Фокус“
Веса Шкортова

На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2012 година:

- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) за 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.